Цеље лежи покрај текот на реките Савиња и Воглајна во Долната Савињска
долина и е втор најголем град во Штајерска и четврт најголем град во Словенија.
Цење денес е развоен, бизнис, економски, трговски, културен, школски,
административен, спортски, здравствен, саемски и туристички центар во
Савињската регија како и еден од најдинамичните словенски градови кој брзо се
развива.
Студентите ги имаат следните можности за сместување во Цеље: Средношколски
дом Цеље или приватно сместување во стан под кирија, хостел или центар/завод
(на пр. ММЦ Хостел, Хостел соби под тврдината). Малку поскапо сместување се
приватни соби под кирија, кои можете да ги најдете со помош на огласите во
локалните весници или на интернетните страници. Цените за приватното сместување
се движат помеѓу 150 и 300 евра на месец.